Monday, December 29, 2014

Езера во Република Македонија

                       Езера во Република Македонија


 Во Македонија има над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на: тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акумулации. По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Природните постглацијални езера се делат на ерозивни, акумулативни и комбинирани. Од нив позначајни се: Боговинското Езеро,. Големото и Малото Пелистерско Езеро, Црното Езеро, Караниколичкото Езеро, Подгоричкото Езеро и др. Најниското планинско езеро се наоѓа на височина од 1.565 m (езерото Локув на планината Дешат), а највисокото на 2.470 m (езерото Голем Кораб на планината Кораб). Засега единствен пример на урниски тип езера во Македонија е Моклишкото Езеро, кое е настанато во долината на Ваташка Река, со урнување на една од долинските страни и со преградување на речната долина. Единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија е езерото Острово кај манастирот „Свети Наум“. Органогените езера се зачувани на мали и ограничени површини во мочуришните терени. Тие се настанати со седиментација на органска материја при уништување на некогашните езера. Нив во минатото ги имало повеќе, а денес позначајни се: Сини Вирој, Новоселски Вир 1, Новоселски Вир 2 (во сливот на р. Сатеска), во Дебарца и на други места. Вештачките езера претставуваат посебен тип езера кои ги гради човекот и нивната вода се користи за повеќе намени.




                                       Охридското езеро се смета за Македонски бисер


                           
                                  Езерото Козјак, најголемото вештачко езеро во Македонија


                                                 Универзитет Гоце Делчев-Штип







No comments:

Post a Comment