Сливни подрачја
Реките припаѓаат на три сливни подрачја: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Егејскиот речен слив е најголем и зафаќа 87% од вкупната територија на РМ и позначајни реки од овој слив се реките: Вардар и Струмица. Јадранскиот слив опфаќа околу 13% од територијата на Македонија и најзначајна река е Црн Дрим. Црноморското сливно подрачје е доста мало и река во овој слив е Биначка Морава.
Тие се доста нерамномерно распространети така што западниот дел има поголеми количини на вода. Просечно вкупната количина на вода во Македонија се 6.63 милијарди м3 вода, која се влива во сливовите на следните реки: Вардар (4.77 милијарди м3), Струмица (0.18 милијарди м3) и Црн Дрим (1.68 милијарди м3). Реките имат висок водостој во пролетните и есенските месеци, а низок летно време. Во овие сливови има повеќе од 30 извори со проток поголем од 100 л/сек кои претставуваат главен извор на вода за пиење. Распоредот на искористувањето на водените ресурси е следно: за наводнување се користат 34%, за индустријата 11% и на населението 10%, а останатиот дел е за биолошки минимум. Но, планот за искористување на водите е стар и неефикасен. Tака, како проблеми може да се спомнат: лошо определен биолошки минимум кој не обезбедува услови за да преживеат рибите во нив и расправии околу некои корисници во источниот дел на Македонија околу користењето на водите. Хидрометеоролошкиот завод е задолжен за следење на водените ресурси во РМ кое го прави преку повеќе мониторинг станици, чии согледувања од добиените податоци е дека во последните години има намалување на врнежите. Поради тоа се јавува недостаток на вода во одредени делови и низок водостој на реките. Овој низок водостој доведува до сушни периоди и до зголемена загаденост на реките.
Реките во Р.Македонија
Универзитет Гоце Делчев-Штип